| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Атина, се евакуираат локални жители и туристи

Грчките влсти во понеделникот утрото повикаа неколку илјади локални жители и туристи кои летуваат во областа на летувалиштето Каламос, североисточно од Атина, да ги напуштат домовите поради пожарот на 50 километри од грчката престолнина кој излезе од под контрола.

Преку соопштенија објавени на телевизиските и радо станиците, како и преку повици преку мегафони туристите и локалното население се повикуваат да ја напуштат областа на Каламос.

Директорот на грчката Агенција за цивилна заштита, Јанис Капаис, изјави дека станува збор за „голем пожар кој многу тешко се гасне“, пренесе грчкиот јавен сервис.

Премиерот Алексис Ципрас ги повика сите владини агенции да се придружат во напорите огнената стихија што поскор да биде елиминирана. Огнот веќе проголтал неколку куќи, но засега нема информации за човечки жртви.

Портпаролот на Агенцијата за цивилна заштита изјави дека се уште нема увид во конечната ситуација, бидејќи многу куќи во регионот се наоѓаат на оддалечени локаци.

Грчките медиуми известуваат дека во саботата и западниот дел од земјата бил зафатен од повеќе шумски пожари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top