Оградата на Општина Центар е откорната, а насобраните демонстранти влегоа во дворот на Општина Центар. Тие сакаат да го спречат Советот да ја одржи седницата на која треба да се измени урбанистичкиот план и од него да се избирше црквата „Свети Константин и Елена“.

Специјалната полициска единица е на терен. Полициските службеници ја контролираат ситуацијата. Тие беа принудени да употребат и сила, односно со пендреци да ги спречат демонстрантите во обидот да направат поголем инцидент и да влезат во самата зграда. Граѓаните се околу бараката во која се одржува седницата, а Жерновски бил извлечен од салата. Дождот ги растера, но набрзо се вратија.
Во моментов има пауза, по барање на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, а по координацијата се очекува гласање на дневниот ред.



фото: Ѓорги Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…


