По долго и топло лето проследено со високи температури, конечно утре не чека разладување. Времето утре ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и значително посвежо. Претпладне ќе има слаб локален дожд. УВ индексот ќе има вредност 7.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 20 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има слаб локален дожд.
Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 24 степени.
Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.