| четврток, 6 декември 2018 |

Германија завиена во црно: Ѓубретарец смачка автомобил со 5-члено семејство

Сообраќајна несреќа ја зави Германија во црно. Во судир со камион за смет загина петчлено семејство, тројца возрасни и две бебиња.

На семејството кое се враќало од излет меѓу Наголд и Муцинген налетал камион и го смачкал автомобилот. Во него биле сопружници (22, 25), нивната двегодишна ќерка, неколкумесечниот син и сестрата на жената (17).

Како што пренесува ФАЗ, возачот на камионот рекол дека имал проблем со сопирачките и не можел да забави. Бидејќи патот има благ пад, камионот дополнително забрзал, налетал на автомобилот и се превртел.

Од полицијата наведуваат дека патниците немале никаква шанса да преживеат. Час и половина по несреќата со дигалка камионот бил кренат од смачканото возило.

Возачот (54) и совозачот (26) од камионот се полесно повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top