Актерот Кристијан Бејл, познат по големите промени на телесната тежина поради улогите кои ги отелотворува, со неговиот изглед повторно ја шокираше јавноста. Последниот актерски предизвик на Кристијан Бејл е отелотворување на поранешиот американски потпретседател Дик Чејни во претстојниот биографски филм, поради кој морал да добие на тежина, а тоа очигледно му појде од рака.
Актерот е сликан при прошетка низ Лос Анџелес со кратка коса, а не може да не се забележи неговата зголемена телесна тежни. Американските медиуми пишуваат дека тој за споменатата улога качил околу 20 килограми.
Негова најпозната телесна трансформација беше за филмот „Машинист“ во 2004 година, кога за улогата дојде до килажа од 58 килограми, по што ги набилда мускулите за улогата во Бетмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.