| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијан Бејл откажа да го глуми Стив Џобс

Кристијан Бејл и Стив Џобс

Кристијан Бејл и Стив Џобс

Британскиот актер Кристијан Бејл се откажал од улогата на основачот на компанијата „Епл“, Стив Џобс во биографски филм.

Бејл решил дека не е соодветен за улогата по долги преговори и внатрешни поделби.

Претстојната екранизација на животот на починатиот во 2011 година од рак е книгата “Стив Џобс” на Волтер Ајзексон. Зад филмскиот проект освен компанија „Сони пикчрс“, стојат и некои од најголемите таленти во современата филмска индустрија, продуцентот Скот Руди и сценаристот и добитник на Оскар Арон Соркин.

Истиот тим ја создаде хит продукција „Социјална мрежа“во 2010 година. Филмот за Стив Џобс ќе биде во режија на носителот на Оскар, Британецот Дени Бојл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top