Потврдена му е канзата од 40 години затвор на Владица Рајковиќ, кој пред една година ја силуваше, па ја уби тригодишната Ангелина од српското село Вратарница. Деновиве беше префрлен на одлежување на затворската казна во пожаревскиот затвор „Забела“, а затворениците во најсуровиот затвор во Србија му посакале „добредојде“.
Извор од затворот за Информер вели дека прво ќе биде сместен во подготвителен оддел, а потоа ќе биде префрлен во ќелија со еден затвореник, а не во групна соба, зашто поради злосторството што го направил, лесно може да стане жртва на другите затвреници.
Кога се расчуло во затворот дека доаѓа, затворениците гневни пцуеле и викале дека допрва ќе види што е пекол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.