СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.П. (32) од с. Сараќино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвукување општа опасност“.
Изреволтиран бидејќи неговиот сосед Е.Е. вршел изградба на куќа заедно со својот брат, пријавениот излегол во дворот и со ловечка пушка, сопственост на неговиот татко, испукал неколку пати во воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.