| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најубавиот кармин за усни за оваа година

Кинеската козметичка куќа „Каилијумеи“ со својот производ позитивно ја „размрда“ светската козметичка индустрија.

Овој единствен производ магазинот „Вог“ го прогласи за најубав кармин за усни за оваа година. Овој кармин навистина е посебен. Содржи растителен восок, кокосов путер, восок од пчели и етерично масло од лаванда. Потполно е проѕирен и содржи вистински цвеќиња. Кога се нанесува на усните, остава розова трага чиј интензитет зависи од телесната температура и киселоста на телото (ПХ) на жената која го носи Колку е потопла киселоста, толку ќе биде поинтензивна нијансата на карминот.

Кармините не се тестирани на животни. Засега во продажба има три вида од овој кармин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top