| четврток, 6 декември 2018 |

На сетот на Дерик Меј домат поголем од тупаница (ФОТО)

Познатиот диџеј Дерик Меј не е првпат во земјава и досега не криел дека ужива во нашето гостопримство. Секако, со задоволство се враќа, но не само поради публиката која ужива во неговите сетови. Пред неколку часа Меј му откри на светот дека ужива во храната во Македонија, а Скопје е едно од малкуте места на светот каде што овошјето и зеленчукот растат додека можат. За доказ приложи стисната тупаница, која изгледа минијатурно во споредба со доматот што го добил во скопски ресторан.

„Сигурно 99,9% од вас никогаш нема да дојдат во Скопје, но само да знаете дека на уште малку места на светот овошјето и зеленчукот растат додека можат.

Сака некој домати?“

Дерик Меј: За првпат настапив со филхармонија и се трудев да не ја разочарам

Следбениците на Фејсбук веднаш му препорачале и што да касне од потешките јадења – селско месо и тавче-гравче за да речеш дека си живеел.

Дерик Меј синоќа имаше одличен настап во дискотека во Скопје.Тој е познато име за македонската публика, еден од пионерите на техно-сцената во Детроит, а критиката го нарекува Мајлс Дејвис во светот на техно-музиката поради неговиот оригинален, комплексен и меланхоличен стил. Од ладните и безживотни машини, Меј создава топлина, продуховеност и фантастична инспирација. Неговите настапи се познати по тоа што тој има ретка моќ публиката да ја доведе до лудило. Овој негов најнов проект со симфониски оркестар, ќе ја соедини артифициелната музика со благородниот звук на класичните инструменти.

Дерик Меј и Македонска филхармонија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top