| четврток, 6 декември 2018 |

Последните 24 часа Бодрум го погодиле 490 вторични потреси

По вчерашниот потрес од 5,9 степени според Рихтеровата скала, во последните 24 часа најмалку уште 490 земјотреси го потресоа регионот на турското летувалиште Бодрум, на Егејско Море, пренесуваат труските медиуми.

Турската дирекција за управување со природни катастрофи и вонредни ситуации соопшти дека по вчерашниот земјотрес регистрирани се 490 вторични потреси.

Од потресот се урнал дел од плажа во квартот Јалачифлик, предизвикувајќи паника меѓу населението. На патот, пак, се формирала двометарска дупка.

Академик Хасан Созбилир од универзитетот „9 септември“ во Измир, изјави дека е можно земјотресите во Бодрум да продолжат, но подвлече дека туристите не треба да си заминуваат. Тој забележа дека повеќето потреси се само вторични. Според него, зградите во Бодрум се квалитетно изградени и не се високи, така што туристите не треба да ги прекинуваат своите одмори.

Вчерашниот потрес е регистриран на само три недели откако Бодрум беше погоден од потрес со јачина од 6,6 степени.

Во силниот земјотрес, што на 21 јули, го погоди грчкиот остров Кос загинаа две лица. Потресот беше почувствуван во егејскиот округ Мугла и неговата околина. Во Турција тогаш немаше жртви, но 354 лица беа поврдени, од кои петмина потешко, тогаш соопшти турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top