| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникари подметнувале пожари за да заработат +10 евра од час

15 пожарникари-волонтери се осомничени дека подметнувале пожари за да заработат по 10 евра на час за нивно гасење. Полицијата во Сицилија спроведе истрага во градот Рагуза, на југоистокот на Италија, во рамки на која сослушала осомничените.
Сомнежите се појавиле кога било утврдено дека таа група учествувала во гасење на 120 пожари, додека за исто време други групи делувале на 40 локации.
Од сите нив, во притвор е само водачот на групата, затоа што тој продолжил да подметнува пожари, додека останатите членови запреле откако биле сослушани, соопштила италијанската полиција.Топлотниот бран Луцифер кој оваа недела зафати делови на Европа и целиот Балкан предизвика најмалку 2 смртни случаи. Екстремно високите температури во Италија, делови од Шпанија Франција и на целиот Балкан предизвикаа многубројни пожари, уништија многу земјоделски производи и површини и ја зголемија потрошувачката на вода и струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top