| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо за недоаѓањето на Пандев: Приватен авион прави чуда

 

Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда, убеден е тренерот на црвените ѓаволи Жозе Мурињо во врска со недоаѓањето на Горан Пандев во Скопје за време на Суперкупот.

Пандев и Мурињо, кој тогаш беше негов тренер, играа во финалето на Лигата на шампионите со Интер.

Не сакам да бидам во позиција во која што е мојот колега во Џенова. Тој би можел да каже дека не е моја работа да коментирам. Единствено можам да кажам дека Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда. Пандев може да дојде само за натпреварот и да си замине оттука, рече Мурињо.

Горан Пандев е македонскиот амбасадор за Суперкупот на УЕФА, но тој нема да биде утре во Скопје, поради професионалните обврски во екипата на Џенова. Тренерот на Џенова Иван Јуриќ, нема да му дозволи на Пандев да дојде во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top