Досега невиденото обезбедување за наши услови кое го имаат фудбалскиот екипи на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед при денешното пристигнување во Скопје, ги оневозможи фоторепортерите да ги овековечат мегаѕвездите на двата тима, но и покрај тоа се појави фотографија која одблиску го покажува Кристијано Роналдо како се шета во лобито на хотелот „Александар Палас“.
Најголемата ѕвезда на „кралевите“ е меѓу првите кои се подготвени да заминат кон арената „Филип Втори“ каде што Реал Мадрид прво ќе одржи прес-конференција, а потоа ќе го има запознавањето со тревата на стадионот каде што утре ќе се одигра УЕФА Суперкупот.
Извор: Спорт1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.