Фудбалерите на Манчестер Јунајтед први денеска ќе пристигнат во Скопје. Според информациите објавени на интернет-страницата на „Александар Велики“, „црвените ѓаволи“ со авиокомпанијата „Титан ервејс“ ќе слетаат на скопскиот аеродром во 12.55 часот.
Четириесет минути по нив, односно во 13.35 часот треба да слета и авионот на компанијата „Иберија ерланс“, во која ќе биде експедицијата на „кралскиот клуб“.
Веднаш по нивното доаѓање и двата тима ќе бидат спроведени до своите хотели, кои ќе бидат под силно полициски обезбедување. Тимот на Манчестер Јунајтед ќе престојува во хотелот „ТЦЦ Плаза“, а фудбалерите на Реал Мадрид во „Александар палас“.
Во попладневните часови и двата тима ќе го имаат својот тренинг. Прв на тревникот на „Телеком арената“ во 17.30 часот ќе излези тимот на Жозе Мурињо, а екипата на Зинедин Зидан ќе тренира од 19.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.