| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавување за Меморијалниот турнир во мал фудбал „Љубанци 2017“

Љубанци и годинава ќе биде фудбалски мегдан на кој силите ќе си ги одмерат фудбалските екипи од повеќе населени места. Пријавените екипи ќе се сретнат на 18 август, кога започнува турнирот.

Меморијален турнир во мал фудбал во скопско Љубанци се одржува традиционално од 1974 година, а доби меморијален карактер во 2001 година кога почна да се игра во чест на загинатите бранители од Љубанци во конфликтот од 2001 година.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 100.000 денари за прво место, 60.000 денари за второ и 30.000 денари за трето место.
Екипите можат да се пријават до 16 август на телефонскиот број 078-254-153 (Николче).

Пријавувањето чини 2000 денари од екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top