| четврток, 6 декември 2018 |

Важно: Од утре посебен сообраќаен режим за возила и пешаци околу фудбалската арена “Телеком“

Поради суперкупот на УЕФА, закажан за 8 август на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од утре ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од утре во 08,00 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 09.08. на потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети“ (поранешна “Ленинова“) и “Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА.

Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот “Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата “Рузвелтова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top