| четврток, 6 декември 2018 |

Десет лица повредени во авион кој летал од Грција кон САД

Десет лица беа повредени како резултат на силна турбуленција за време на летот на “Американ ерлајнс” од Атина за Филаделфија, соопшти авиокомпанијата во коминике, цитирано од американските медиуми.
Авионот со 287 патници и десетина лица од екипаж влегол во зоната на силна турбуленција непосредно пред слетувањето. За време на инцидентот сигналот за закопчување на ремените бил вклучен, прецизира авиокомпанијата.

Веднаш по слетувањето тројца патници и седум членови на екипажот биле однесени во болница за преглед. Не се соопштува какви се повредите и или дали некој од нив ќе остане на лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top