| четврток, 6 декември 2018 |

Амазон продава тоалетна хартија со твитови на Трамп

Најголемата американска компанија за онлајн продажба „Амазон“ пушти како нова понуда ролна тоалетна хартија со испечатени твитови на претседателот Доналд Трамп. Цената на производот изнесува 12 долари, а првичните количества моментно се распродадени.

Производителот ги собрал пораките на Трамп од Твитер, кои предизвикале најголем јавен интерес уште од периодот 2012-2014 година.

На „Амазон“ се продава и ролна тоалетна хартија со монохромни фотографии на Трамп, како и на неговата против-кандидатка на изборите минатата година, Хилари Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top