Португалецот оваа недела се појави на суд под обвинение дека ги прикрил приходите од имиџ правата и затаил 14,7 милиони евра данок
Медиумите откриваат детали од исказот на Кристијано Роналдо, на судијата му кажал дека во Англија никогаш немал вакви проблеми, па размислува за враќање на „Островото“.
Тој исто така се правдал дека има завршено само шесто оделение, знае само фудбал да игра, па им верува на советниците и е убеден дека тие не му давале погрешни совети.
-Во 2014 платив сè – рекол Роналдо.
Не разбирам ништо од ова.Имам завршено само шесто оделение, и знам само како добро да играм фудбал.Кога моите советници ќе ми кажат „Крис, сè е во ред“, им верувам-рекол Роналдо.
Тој оддал дека плаќа данок.
-Сакам да бидам чесен и секогаш плаќам данок. Им верувам на моите советници, тие се најдобри. Ги плаќам солидно, па тие добро си ја вршат работата и сè оставам во нивни раце – додал Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.