| четврток, 6 декември 2018 |

Лесна храна, многу течности и намалена физичка активност за време на топлотниот бран

– Носење лесна, светла облека, пиење течности и вода најмалку два литра на ден, јадење повеќе овошје, зеленчук и свежа храна, намален интензитет на физички активности- се основните препораки за граѓаните во услови на енормно високите температури и т.н. пртоколалова фаза што ја зафати Македонија.

Според Министерството за здравство, треба да се избегнува директна изложеност на сонце и работа на отворено, особено од 11-17 часот.На хронично болните им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем треба да го контактираат својот матичен лекар. Министерство за труд и социјална политика со поддршка од Црвениот крст информира дека викендов ќе спроведува активности за згрижување на бездомните лица. Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на www.toplotnibranovi.mk .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top