| четврток, 6 декември 2018 |

Првото злато на атлетскиот Мундијал за легендарниот Мо Фара

Мо Фара, легендата на британската алтетка го освои првиот златен медал на Светското првенство (СП) во атлетика кое вечерва почна во Лондон. Фара, кој најави збогување од кралицата на спортовите го освои првото место во трката на 10.000 метри. Тој постигна време од 26:49.51 минути, што е најдобар резултат во последните шест години.

Џошуа Чептегеи од Уганда заврши на втората позиција, додека третопласиран беше Кениецот Тануи.

Вечерва во квалфикакциите трчаше и најбрзиот човек на светот Усаин Болт кој победи во четвртфиналната трка на 100 метри со време 10,08 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top