Жена-жртва на семејно несилство пријавила во полиција дека пијаниот сопруг ги нападнал неа и синот во куќата во која ивеат во с. Горњани. З.П. прво се опијанил, а потоа ги нападнал Е.П. и нивниот син и ги избркал од дома.
Пијаниот насилник ја уништил покуќнината и патничко возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.М. З.П. се здобил и со повреди по телото од тоа што паѓал по дворот, информираат од полицијата.
Со возило на Брза помош бил пенесен во Ургентниот центар Скопје, а жената и детето се згрижени.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.