| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот на данската кралица не сака да бидат погребани во ист гроб

Данскиот принц Хенрик, сопруг на кралицата Маргрет, не сака по смртта да почива во ист гроб со сопругата, пишуваат медиумите во Копенхаген, повикувајќи се на доверливи кралски извори.

Данската кралска двојка е во брак од 1967 година, но 83 годишниот Хенрик никогаш и не криел дека е незадоволен од својот статус, затоа што останал да биде принц и откако сопругата стана кралица.

Тој смета дека требало да биде ословуван како крал, за да не биде „нерамноправен во однос на сопругата – кралица“.

Во данската јавност се очекуваше, кога Маргрет и Ханрик ќе починат, нивните тела да бидат погребани во еден ист, специјално дизајниран саркофаг во катедралата Роскилде.

Според домашните медиуми, кралицата се согласила со желбата на својот сопруг.

Хенрик е роден во Франција во 1934 година како Анри Мари Жан Андре де Лаборд де Монпезат. Со данската кралица, тој има два сина.

Минатата година, принцот Хенрик одлучи да се повлече од јавниот живот и да се „пензионира“ од кралските обврски.

Кралската куќа одби да ги коментира пишувањата на медиумите, освен што забележа дека и покрај се принцот Хенрик повеќе сака да биде погребан во Данска, наместо во својата татковина Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top