Владата на Зоран Заев подготвува стратегија за масовно доселување на мигранти во Македонија следниве 10 години. НВО-секторот се вдомува во Владата и трие раце за грантови. Во својот најнов статус на Фејсбук поранешната пратеничка Солза Грчева жестоко ја нападна Владата на Зоран Заев за стратегија (2017-2027) за мигранти, странци и бегалци која предвидува згради, населби, социјални станови, градинки, вработувања и олеснети државјанства за мигрантите со трошоци од државниот буџет на Македонија. Грчева во својот статус вели:
„Со сиот ризик да бидам прогласена за ксенофоб, изјавувам дека Стратегијата за мигрантит е најголемиот цех кој треба да го плаќа Македонија на европскиот пат. Во Германија деновиве беа критикувани медиумите кои некритички известувале во екот на мигрантската криза и од луѓето, за да ѝ удоволат на Меркел, правеле насила ксенофоби. Сега им се извинуваат, но некако е доцна. Кај нас, бидејќи секој кој не покажува восхит и стопостотна вљубеност кон власта е прогласуван за предавник, јас го земам еве и тој предизвик. Кој, бре, Цацко ви е да тргувате со наша земја, со наши ресурси и со наша безбедност? Почнавте по три сметки кои сте ги направиле, да исплаќате одеднаш. Во сиромашна Македонија вие ќе давате работа и кредити на странци, а нашиве деца ќе се потуцкуваат по бел свет. Имате ли трошка разум???? А невладините, т.е. граѓанскиот сектор кој пикира и се вдомува во Влада, сега трие раце за грантови. Какво Собрание, какви дебати…Бунар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.