| четврток, 6 декември 2018 |

Сити и јунајтед најголеми трошаџии во Премиер лигата, Тотенхем не потроши ни фунта!

Преостанува уште еден месец од фудбалскиот трансфер период на Европа, а веќе клубовите од Англија потрошија повеќе од 500 милиони фунти за нови засилувања.

Очекувано, досега најмногу потрошија тимовите од Манчестер. Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо како да не беа задоволни од играчкиот кадар кој го имаа на располагање минатата сезона, па одлучија да доведат нови имиња со кои ќе атакуваат на сите трофеи во претстојната сезона. „Граѓаните“ веќе искешираа 212 милиони фунти за нови фудбалери, додека Мурињо ја „ослабна“ касата на Јунајтед за 145,5 милиони фунти. На третото место е Челзи, кој досега потроши 130 милиони фунти, па следуваат Евертон (93) и Арсенал 52 милиони фунти.

Дефинитивно најголемо изненадување во овој трансфер период е тимот на Тотенхем кој и во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Сепак, менаџерот на тимот, Маурицио Почетино, сè уште не го направил првиот чекор и на „Вајт Харт Лејн“ не донел ниту едно нови име, што за многумина е чуден потег ако се земе предвид дека до почетокот на новата сезона преостануваат само уште 10 дена.

1. Манчестер Сити – 212 милиони фунти
2. Манчестер јунајтед – 145,8 милиони фунти
3. Челси – 130,4 милиони фунти
4. Евертон – 93,4 милиони фунти
5. Арсенал – 52,7 милиони фунти
6. Ливерпул – 47,9 милиони фунти
7. Вест Хем – 40 милиони фунти
8. Хадерсфилд Таун – 36,4 милиони фунти
9. Њукасл – 31,2 милиони фунти
10. Борнмут – 30 милиони фунти
11. Лестер – 29,9 милиони фунти
12. Ватфорд – 21 милиони фунти
13. ВБА – 19,8 милиони фунти
14. Брајтон – 13,3 милиони фунти
15. Свонси – 11,5 милиони фунти
16. Барнли – 10 милиони фунти
17. Кристал Палас – 7,9 милиони фунти
18. Саутемптон – 5 милиони фунти
19. Стоук – 0 милиони фунти
20. Тотенхем – 0 милиони фунти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top