Околу 300 хектари нискостеблеста дабова и букова шума уништи пожарот во Зрновци кој 12 часа дивееше во атарот на селата Видовиште и Теранци.
Пожарот е изгаснат доцна синоќа од кочанската територијална единица и Шумското стопанство „Осогово“. Нивни екипи ноќеска беа на терен и ја следеа состојбата.
– Од пожарот е направена голема материјална штета. Екипите остануваат на терен за да не дојде до повторна појава на пожар на одделни места кои се наоѓаат длабоко во шумските предели на планината Плачковица, изјави раководителот на Центарот за управување со кризи во Кочани Благој Николов.
Денеска ќе бвидат направени анализи за причините на пожарот ко, според очевидци, бил предизвикан од невнимание на човечки фактор.
Во гаснењето на пожаерот учествуваа вработени во Комуналното јавно претпријатие „Водна кула“ и жители од општина Зрновци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.