| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи кои не треба да ги користите како обележувачи на страниците на книгите

Авторката на овој текст се занимава со откупување на стари книги во последните 10 години и досега имала можност да види многу чудни, можеби и одвратни работи што се оставени во книгите. Некои од овие работи веројатно случајно се оставени во книгите, но има и работи што луѓето многу често ги користат како обележувачи на страниците додека читаат книги.

Еве неколку примери кои не треба да се користат за обележувачи на страниците. Најдобро е тие да бидат отстранети пред да ја донесете книгата на продажба или да ја вратите во библиотека од каде што сте ја позајмиле.

Пари

Книгите ме научија дека на крадците секогаш им се случуваат лоши работи. Затоа секогаш кога меѓу страниците на книгите ќе најдам чекови, кредитни картички, пари, ги враќам на сопственикот.

Стегачи за коса

Најчесто се среќаваат како одбележувачи на страници во љубовните романи.

Тоалетна хартија

Да, сите читаме во купатило. А, ако немате обележувач, тогаш најзгодна работа за негова замена е тоалетна хартија. Меѓу страниците често се наоѓа и турпија за нокти, фластери, стапчиња за уши…

Рачно напишани писма

Освен рачно напишани писма, се наоѓаат и интимна поезија, текстови од песни, честитки, разледници…Ако имате намера да ја продадете книгата, приберете си ги кај себе писменцата.

Семејни фотогафии

Ова може да биде и забавно. Меѓу книгите може да се најдат различни фотогарфии од едно исто слатко бебе. Или некоја чудна семејна фотографија. Или нечиј семеен летен одмор. Може да залетаат и фотографии кои не треба никој да ги види…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top