| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарите брзо се шират: Загрозени повеќе села во прилепско

Пожарите кои денеска околу 13 часот избувнале во прилепско брзо се шират. Според порталот „Шеталиште“ пожарите ги зафатија прилепските села Кривогаштани, Житоше, Подвис, Предавателот, како и Локвени кое е едно од најзагрозените моментално.

Најкритично е во с. Локвени и манастирот Св. Атанасиј каде се работи за високо и непристапно место, поради што пожарникарските екипи не можат да ги искачат своите возила.

На терен се екипите од ТППЕ Кривогаштани со две противпожарни возила, ТТПЕ Крушево, Шумската полиција, ЈП Пелагонија од Кривогаштани, Црковниот одбор од населеното место Крушеани и свештеници од Крушеани и Кривогаштани. Во гасењето на пожарот исто така се вклучија и жителите од Кривогаштани, Подвис и Крушеани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top