| четврток, 6 декември 2018 |

Во силно невреме во Германија загина едно дете, повеќе се повредени

Најмалку едно момче загина, а четири лица се повредени при пад на дрво врз шатор во кој се наоѓале за време на страшната бура која ја погоди Германија.

Засега нема детали околу возраста на повреденото момче, но се претпоставува дека е многу младо.

Група од 21 млади лица биле на кампување во близина на Рикенбах, во јужниот дел на Германија, кон границата со Швајцарија, пренесуваат AP.

Останатите четири повредени исто така се малолетни, а едно од нив се наоѓа во критична состојба. Властите веруваат дека молња удрила во дрвото за време на силната бура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top