| четврток, 6 декември 2018 |

Тлото не мирува, утринава земјотрес ја стресе Романија

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Вранча, североисточна Романија.

Според романскиот Национален институт за геофизика епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 132,5 километри.

Во истиот регион вчера попладне беше регистриран земјотрес со интензитет од 4,6 степени, а епицентарот беше на длабочина од 96,6 километри.

Во понеделникот во Вранча беа регистрирани четири слаби земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top