| четврток, 6 декември 2018 |

Четири смртни случаи за време на министерувањето на Арбен Таравари

Некрофилната кампања што ја водеше СДСМ против министерот за здравство од претходната влада, Никола Тодоров, не ги подобри условите во здравството, напротив само покажа дека за партијата на власт човечкиот живот е ништовен и помалку вреден од нејзината идеја за уништување на угледот и политичката кариера на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумската машинерија на СДСМ и Сорос конструираше скандали таму каде што ги нема нарекувајќи го министерот Тодоров министер за смрт, алудираше дека умирањето ќе престане кога Тодоров ќе си замине.

Девојче од Гостивар кое се жалело на болки во стомакот почина при транспорт до Ургентниот центар во Скопје. Татко и син од гостиварското село Симница починаа од хеморагична треска, а уште десетмина беа хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Дванаесетгодишниот Никола од Штип не се разбудил од кома по минатонеделниот пад од незаштитетната тераса во станот во кој неговото семејство живеело под кирија.

Овие четири смртни случаи се во времето на министерувањето на Арбен Таравари, кој во почетокот на јуни беше начзначен за прв човек на ресорот за здравство.

Само што стапи на функцијата, се случи смртта на 15-годишното девојче од село Долна Гуновица, гостиварско, во саботата околу 04.30 часот било досенено во болницата во Гостивар затоа што се жалело на болки во стомакот. На девојчето му била укажана медицинска помош но, поради тоа што била со намалена функција на виталните органи, посериозно и се влошила здравствената состојба и со возило на Итна медицинска помош била упатена во Ургентен центар Скопје. Девојчето починало при транспортот, а во Ургентниот центар во Скопје била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Освен  дека ќе се формира стручна комисија која треба да го расветли случајот, друга информација околу смртта на девојчето од министерството не беше лиферувана.

Смртта на таткото и синот кои починаа од хеморагична треска крена голема прашина во јавноста. Освен овие два несреќни случаи, на Инфективната клиника беа хоспитализирани уште десетина пациенти.

-Испитувањата од две лаборатории каде што се направени анализите на серумот и крвта на пациентите потврдиле етиолошки агенс, поточно се работи за вирус кој е најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром во овој регион, кој не се пренесува од човек на човек – изјави  Таравари, кој ја извести јавноста преку видеобраќање од САД, каде што беше во работна посета.

Двајцата починати татко и син од гостиварското село Симница најверојатно го презеле вирусот преку храна движејќи се на терен каде што имало глодари.

Овој вирус спаѓа во групата на хеморагични трески. Меѓутоа е најдобрата, најлесната варијатна бидејќи нема трансмисивност од еден на друг човек.

Дванаесетгодишниот Никола од Штип не успеа да излезе од кома по минатонеделниот пад од незаштитена тераса, во станот во кој неговото семејството живеело под кирија. Во игра со далечинскиот управувач, одејќи назад, без да забележи, Никола несреќно паднал низ отворената врата на терасата без ограда од третиот кат на здрадата во населбата 8 Ноември. Детето една недела се бореше за живот на скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top