| четврток, 6 декември 2018 |

Трет несреќен случај за три недели: Почина параглајдерист од Словачка во Крушево

Четириесетгодишниот Т.С. од Р.Словачка, вчера попладне летајќи со параглајдер од Мечкин Камен-Крушево, паднал и починал, информираат од полицијата.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица-Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Ова е трет несреќен случај со параглајдеристи во Крушево. Претходно на 29 јули,  во местото  Две чешми во непосредна близина на Крушево, од страна на спасувачка екипа пронајден е починат Ј.В. (51) од Република Чешка. Тој околу 13 часот од Мечкин Kамен во Крушево полетал со параглајдер и додека управувал се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал на местото.

На 12 јули, унгарскиот државјанин Ф.Б.(50) при летање со параглајдер удрил во далновод и паднал во село Мусинци – Новаци, каде што починал на место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top