| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец загина во Крушево во несреќен случај

Седумдесет и осумгодишниот скопјанец Н.К. го загуби животот во несреќен случај.

Според МВР, вчера околу 10 часот во Крушево, Н.К. го тргнал каменот што бил под тркалото од автомобилот со кое го осигурил возилото од движење по надолнина.

Но, тогаш возилото се придвижило. Скопјанецот се обидел да го сопре автомобилот, но паднал и се удрил на скалите од соседната куќа.

На пат кон прилепската болница скопјанецот им подлегнал на тешките повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top