| четврток, 6 декември 2018 |

Варшавскиот хармоникашки квинтет на традиционалната „Полска вечер“ на „Охридско лето“

Музичката програма на 57. „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Варшавскиот хармоникашки квинтет, како дел од веќе традиционалната фестивалска „Полска  вечер“.

Виолинистките Марија Маховска-Залах и Јустина Баран, Марек Чех (виола), Александра Охар-Справка (виолончело) и Клаудиуш Баран (хармоника и бандонеон) на сцената на катедралната црква „Света Софија“ ќе ги изведат делата „Багатели“ на „Дворжак, „Свита“ на Швидер, како и атрактивни мелодии и танга на Пјацола.

Веќе неколку години наназад „Охридско лето“ заедно со Почесниот конзулат на Република Полска во Охрид организираат „Полска вечер“ во рамки на фестивалската програма, со настапи и концерти на реномирани уметници и музичари од Полска.

Во фестивалската историја ќе остане запишан концертот со еден од најславните композитори на денешницата – Кшиштоф Пендерецки кој подоцна беше прогласен за музички настан на годината за 2013.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top