| четврток, 6 декември 2018 |

Путин нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Русија

Рускиот претседател Владимир Путин нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Русија, пренесува „АФП“.

Путин во интервју за телевзијата „Русија 1“ наведе дека дипломатите мора да ја напуштат Русија поради новите санкции кои ги воведе Вашингтон.

– Американсата страна направи потези кои со ништо не беа испровоцирани. Тие потези вклучуваат санкции, обиди за мешање во други држави, вклучувајќи ги и нашите сојузници, кои се занитересирани да ја продолжат соработката со Русија – изјави рускиот лидер.

Американскиот Конгрес неодамна одобри нови санкции против Русија, Иран и Северна Кореја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top