| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен терористички напад во Австралија

Австралискиот премиер Малколм Турнбул објави дека безбедносните служби откриле и спречиле терористички заговор за соборување на авион, пренесе ноќта кон неделата агенцијата AFP.

„Можам да објава дека изминатата ноќ беше изведена голема антитерористичка операција за спречување на терористички заговор чијашто цел била соборување на авион“, изјави Турнбул за новинарите.

Според австралискиот премиер, за време на рациите во Сиднеј биле приведени четири лица. На сите аеродроми во Австралија, исто така, биле воведени дополнителни мерки за безбедност, додал без да наведе други поединости за акцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top