| четврток, 6 декември 2018 |

Оперските пејачи Реј Ченез, Фани Антонелу и Игор Дурловски приредија незаборана вечер на „Охридско лето“

Диригент на концертот беше Џорџ Петроу кој е и уметнички раководител на оркестарот „Армониа Атенеа“ со кој редовно одржува концерти, патува на турнеи, а снима и бројни материјали. „Армониа Атенеа“ е основан во 1991 година од страна на здружението „Пријатели на музиката“ во Атина и е еден од најактивните европски ансамбли со значајно присуство на меѓународната сцена

Незаборавна вечер за публиката на фестивалот „Охридско лето“ приредија оперските пејачи Реј Ченез од САД, Фани Антонелу од Грција и македонскиот уметник Игор Дурловски кои настапија синоќа во црквата „Света Софија“,  во придружба на грчкиот бароктен оркестар „Армониа Атенеа“ .

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски се претстави како контратенор со познтата арија „Verdi prati “ од операта „Алчина“ на Георг Фридрих Хендл.

– За синоќешниот концерт можам да кажам дека се работи за одличен ансамбл. Извонредни беа и колегите- солисти, вели Дуровски.

За одбележување е што тој не толку често настапува како контратенор во Македонија.

-На сцените надвор сум настапувал, но сега ми  е вторпат како пеам контратенорски арии во Македонија и ми е посебно драго што на ваков начин се претставив пред македонската публика, но и публиката којашто доаѓа од страна – додава Дурловски.

Според него, задоволството од синоќешниот настап е уште поголемо поради акустиката што ја поседува катедралната црква „Света Софија“ која  една од традиционалните сцени за музичките уменици на фестивалот „Охридско лето“.

– Секогаш кога настапувам на „Охридско лето“, како за секој уметник, не само македонски, туку  и странските,  е големо задоволство.Посебно ми е драго што настапив во црквата „Света Софија“ . Ми буди убави спомени затоа што моите први настапи беа  токму во „Света Софија“ ,  а  јас секогаш се навраќам на убавите спомени. Во моите петнаесетина-дваесет години колку што настапувам пред домашната публика, но и во Европа, сум бил еден од привилегираните и многу често сум настапувал на повеќето сцени на „Охридско лето“, вели познатиот оперски пејач Игор Дурловски.

Диригент на концертот беше Џорџ Петроу кој е и уметнички раководител на оркестарот „Армониа Атенеа“ со кој редовно одржува концерти, патува на турнеи, а снима и бројни материјали. „Армониа Атенеа“ е основан во 1991 година од страна на здружението „Пријатели на музиката“ во Атина и е еден од најактивните европски ансамбли со значајно присуство на меѓународната сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top