Управата за хидромеоролошки работи за утре попладне најавува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град.
– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, локална појава на грмежи и опаѓање на температурата, која кон средината на неделата ќе се движи од 20 до 28 степени, наведува УХМП во вонредната прогноза.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.