Компанијата ОНЕ ги информира гараѓаните што следат телевизија преку нејзината дигитална платформа дека почнува со реализација на вториот дел од процесот на дигитализација согласно барањето од Агенцијата за електронски комуникации.
-Процесот се состои во ослободување на фреквенциите од дигиталната дивиденда намената за 4Г технологијата во Македонија.Заради спроведување на овој сложен процес во периодот од 10 јуни до 01 септември 2013 ќе се врши оптимизација на ДВБ-Т предавателните локации на ОНЕ заради усогласување на фреквенциите, соопштуваат од ОНЕ и најавуваат дека при тој процес се можни прекини во програмата во одредени региони за што навремено ќе информирале.
Според известувањето од компанијата, во периодот од 08:00 до 13:00 часот предвидени се интервенции за 11 јуни во регионот на Радовиш и околните населените места, на 12. во регионот на Струмица, на 14. во регионот на Валандово и Дојран и на 15 јуни во регионот на Гевгелија и околните населените места
По завршувањето на секоја интервенција неопходно е прескенирање на каналите, информира операторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.