Млад жител на село Ерековци, прилепско загинал во сообраќајна несреќа кога со неговото „југо“ се судрил со „голф“ во близина на Битола.
МВР јави дека утринава околу 04,45 часот на регионалниот пат Битола, во село Тополчани пред мостот се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил„Голф“ со битолски регистерски ознаки, управуван од Н.М.(1977) од село Братин Дол-Битола и автомобил марка „Југо 55 Корал“ со прилепски регистерски ознаки, управувано од Рубин Р.(1985) од село Ерековци–Прилеп. При незгодата на лице место починал Рубин. Увид на лице место извршиле ИС,ЈО и увидна екипа на СВР-Битола. Собраќајот бил пренасочен по стариот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.