Обвинувањата за наводна скандалозна кампања на Општина Аеродром се во најмала рака смешни, бидејќи со тоа СДСМ продолжува да се однесува како опозиција, заборавајќи дека е власт.
Доколку навистина има неправилности во работењето на Општина Аеродром, реагира општина Аеродром на обвинувањата на Златко Марин, претседател на ОО-СДСМ Аеродром, како што се тврди, вратите на општината се отворени и државните органи кои се под команда на СДСМ и можат слободно во секое време да дојдат и да проверат.
„Општина Аеродром работи беспрекорно законски и транспарентно и до сега, само во последните 4 години, се реализирани преку 200 проекти во интерес на нејзините жители, нема ниту денар долг и има обезбедени средства за непречено функционирање во наредните 4 години.
Тоа се факти кои СДСМ не може да ги занемари, така што секојдневните безидејни прес-конференции се само безуспешен обид за себепромоција“, пишува во реакцијата од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови
-
Петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во Аеродром