| четврток, 6 декември 2018 |

Патот од Италија, околу светот до Македонија

Гон­за­ло де Че­за­ре, ита­ли­јан­ски Евре­ин, ро­ден во Пе­ру, израс­нат во Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви, кој нај­дол­го жи­ве­ел во Хо­лан­ди­ја, се­га по­ве­ќе од 14 ме­се­ци жи­вее и ра­бо­ти во Скоп­је. Ка­ко чо­век што жи­ве­ел ин­тер­на­ци­о­на­лен жи­вот, Де Че­за­ре збо­ру­ва по­ве­ќе ја­зи­ци, а за „Ре­пуб­ли­ка“ откри­ва де­ка го учи и ма­ке­дон­ски­от. Ја са­ка ло­кал­на­та куј­на, а ве­ли и де­ка ко­га има сло­бод­но вре­ме ужи­ва да ја истра­жу­ва Ма­ке­до­ни­ја

Ко­га прв­пат дој­до­вте во Ма­ке­до­ни­ја?

Де чезаре: Прв­пат дој­дов во 2005 го­ди­на, са­мо на не­кол­ку де­на. Овој, пос­лед­ни­от пат, во зем­ја­та при­стиг­нав ми­на­та­та про­лет, во 2016 го­ди­на.

 

До­а­ѓа­те од зем­ја со по­и­на­ква кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко се прис­по­со­би­вте на жи­во­тот во Ма­ке­до­ни­ја?

Де чезаре: Мо­же да се ка­же де­ка јас жи­ве­ев ин­тер­на­ци­о­на­лен жи­вот. Мо­и­те ро­ди­те­ли беа дип­ло­ма­ти и жи­ве­ев­ме на­се­ка­де низ све­тот. Ка­ко де­те ду­ри жи­ве­ев и во СФРЈ. Во мо­јот про­фе­си­о­на­лен жи­вот ре­шив да се по­све­там на по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја и имав мож­ност да жи­ве­ам и да ра­бо­там во мно­гу зем­ји на по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. По­ра­ди тоа до­бро сум за­поз­на­ен со кул­ту­ра­та и со тра­ди­ци­и­те во ре­ги­о­нот и тоа ми по­мог­на по­лес­но да се прис­по­со­бам на жи­во­тот во Скоп­је. Исто та­ка, збо­ру­вам срп­ски, хр­ват­ски и бо­сан­ски ја­зик, што, пак, од сво­ја стра­на, ми по­мог­на да го на­у­чам ма­ке­дон­ски­от ја­зик и се­којд­нев­но да го по­до­бру­вам не­го­во­то раз­би­ра­ње. Ос­нов­но­то поз­на­ва­ње на ја­зи­кот и на оп­кру­жу­ва­ње­то го пра­ви прис­по­со­бу­ва­ње­то на но­ва­та зем­ја мно­гу по­лес­но. Што се од­не­су­ва до кул­тур­ни­те вред­но­сти и тра­ди­ци­ја сме­там де­ка и две­те зем­ји има­ат по­ве­ќе слич­но­сти, откол­ку раз­ли­ки. На ист на­чин ги це­ни­ме жи­вот­ни­те вред­но­сти, и две­те зем­ји има­ат ме­ди­те­ран­ски дух и вли­ја­ние. Се­ка­ко има раз­ли­ки во куј­ни­те, иа­ко јас ужи­вам и во две­те.

Да­ли ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни по­ма­га­ат ко­га е по­треб­но?

Де чезаре: Сме­там де­ка лу­ѓе­то ов­де се мно­гу при­ја­тел­ски на­стро­е­ни и од по­мош. Ге­не­рал­но, лу­ѓе­то се се­ко­гаш под­го­тве­ни да по­мог­нат. Ви­де­те, јас ка­ко чо­век што па­ту­ва це­ли­от свој жи­вот на­вик­нат сум да не се прис­по­со­бу­вам на но­ва сре­ди­на. Но, ка­де и да сум, сме­там де­ка при­ја­телс­тво­то е мно­гу важ­но. Из­гра­див мно­гу сил­ни вр­ски со лу­ѓе­то што ги сме­там за при­ја­те­ли ту­ка. Ту­ка мно­гу мал­ку се чув­ству­вам ка­ко стра­нец, а мно­гу по­ве­ќе ка­ко до­бре­дој­ден при­ја­тел.

 

Кое е Ва­ше­то мис­ле­ње за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни и за на­чи­нот на жи­вот ов­де?

Де чезаре: Јас ужи­вам во мо­јот жи­вот ов­де и ве­ру­вам де­ка спо­де­лу­ва­ме за­ед­нич­ки вред­но­сти и при­стап кон жи­во­тот.

Кол­ку сло­бод­но вре­ме има­те за да па­ту­ва­те низ Ма­ке­до­ни­ја?

Де чезаре: Мно­гу сум за­фа­тен на ра­бо­та, но се­кој­пат ко­га мо­жам се оби­ду­вам што по­ве­ќе да ја истра­жам зем­ја­та. Имам по­се­те­но по­ве­ќе гра­до­ви, го имам истра­же­но ре­чи­си се­кој агол од Скоп­је. Но сум бил и во Ге­вге­ли­ја, Те­то­во, Го­сти­вар, Ве­лес, Ки­че­во… Охрид сум имал мож­ност да го по­се­там два­па­ти. Езе­ро­то, гра­дот, це­ла­та при­ро­да што го оп­кру­жу­ва, оду­ше­ву­вач­ки. Сум по­се­тил и мно­гу се­ла во зем­ја­та и мо­жам да ка­жам де­ка сум им­пре­си­о­ни­ран од нив­на­та при­род­на уба­ви­на. Ја имам по­се­те­но и „По­по­ва ку­ла“, сум бил и во не­кол­ку ви­нар­ски виз­би. За­бе­ле­жав де­ка со те­кот на вре­ме­то ква­ли­те­тот и во изра­бо­тка­та на ви­но се мно­гу на­пред­на­ти. Ужи­вам во ви­на­та ов­де, кои се исто тол­ку ква­ли­тет­ни кол­ку и тие во Ита­ли­ја, Сло­ве­ни­ја, Хр­ват­ска итн.

 

Што мис­ли­те, кои се нај­до­бри­те ме­ста да се по­се­тат во Ма­ке­до­ни­ја?

Де чезаре: Те­шко е да се опре­де­ли ед­но ме­сто. Вна­треш­но­ста и гра­до­ви­те се не­ве­ро­јат­ни. Зем­ја­та е пре­крас­на и вре­ди да се истра­жи. Скоп­је е гра­дот што, спо­ред мо­е­то мис­ле­ње, тре­ба да го по­се­ти се­кој што до­а­ѓа од дру­га зем­ја. Охрид, исто та­ка, без раз­ли­ка да­ли ќе би­де тоа во ле­то или зи­ма, Охрид е град во чи­и­што уба­ви­ни мо­же да се ужи­ва се­ко­гаш. Ту­ка по­сто­јат ме­ста што мо­ра да се ви­дат. Ту­ка е До­јран­ско Езе­ро, ми се до­па­ѓа и Ма­вро­во, Ма­тка… си­те тие ме­ста што ги до­пре­ла при­ро­да­та. Са­кам да истра­жу­вам и до­се­га ни­ту ед­наш не сум до­жи­ве­ал раз­о­ча­ру­ва­ње.

Да­ли Ви се до­па­ѓа хра­на­та? Ма­ке­дон­ски­те ре­цеп­ти?

Де чезаре: Ми се до­па­ѓа ло­кал­на­та куј­на. Оду­ше­вен сум од све­жи­те про­ду­кти, во зем­ја­та има пре­крас­но овош­је и зе­лен­чук. Обо­жа­вам ај­вар и пин­џур и, се­ка­ко, фан­та­стич­на­та ска­ра. Па­стрм­ка­та е мно­гу вкус­на. Јас ужи­вам во ри­ту­а­лот на не­дел­ни­от ру­чек, ко­га це­ло­то се­мејс­тво, при­ја­те­ли­те се за­ед­но на ма­са за­тоа што и во Ита­ли­ја го пра­кти­ку­ва­ме исто­то. Јас мно­гу ужи­вам во тие мо­мен­ти.

Да­ли Ви не­до­сти­га Ва­ша­та зем­ја?

Де чезаре: Ка­ко што спо­ме­нав, јас израс­нав на­се­ка­де низ све­тот. Имам мно­гу раз­но­вид­но по­тек­ло. Јас сум ита­ли­јан­ски Евре­ин, ро­ден во Пе­ру, израс­нат во Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви и нај­дол­го сум жи­ве­ел во Хо­лан­ди­ја. Се­пак, без раз­ли­ка кол­ку еден по­е­ди­нец имал ин­тер­на­ци­о­на­лен жи­вот, по­не­ко­гаш ми не­до­сти­га „до­мот“, ми­риз­ба­та, ру­ти­на­та и бли­ско­ста – тоа се не­шта од кои, без раз­ли­ка кол­ку дол­го си бил отсу­тен и кол­ку че­сто, не мо­жеш да се ос­ло­бо­диш. Та­ка што, да, по­не­ко­гаш сум но­стал­ги­чен. Се­пак, ов­де про­нај­дов при­ја­те­ли по­ра­ди кои се чув­ству­вам ка­ко до­ма.

 

Ка­кви се Ва­ши­те пла­но­ви, ќе оста­не­те ли во Ма­ке­до­ни­ја?

Де чезаре: Пла­ни­рам да оста­нам во зем­ја­та до мо­е­то след­но вра­бо­ту­ва­ње. Не мис­лам де­ка ќе си за­ми­нам на­ско­ро. Јас ужи­вам во вре­ме­то по­ми­на­то ов­де.

 

Разговараше | Кристина Николова – Кузмановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top