| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на Скопско лето концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија

Вечерва на Скопско лето, со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија, на Факултетот за ликовни уметности Сули ан. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, а асистент диригент е Иван Еминовиќ – Македонија.

Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија постои повеќе од 30 години, основан како прв сегмент од Летниот музички камп на МММ , во Охрид 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа. Во досегашното егзистирање во негови рамки учествувале повеќе од 300 млади музичари- претежно студенти од ФМУ-Скопје, но и гости млади музичари од други земји.Со своето музицирање во сиот овој период се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високо професиоални квалитети. Оркестарот има реализирано преку 90 концерти, добивајќи позитивни критики, но и национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар оркестарот изведува дела од современи, како и од македонски автори. Има остварено повеќе телевизиски и радиоснимки, како и сопствена цеде-продукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top