Винсент Компани е вистински спортски херој на Белгија, а навивачите бараат да му се изгради споменик пред стадинонот во Брисел, по јуначкиот, но ризичен по живот потег на дефанзивецот. Против Србија, во дуел со голманот на противникот Стојковиќ, Компани се повреди, заработи скршеница на носот, но одби да ја напушти играта, иако обилно крвареше.
Лекарскиот тим привремено му ја санираше повредата и предложи Компани да биде заменет. Винсент сам одлучи да остане во игра, а по мечот во болница било откриено дека има и поттрес на мозокот и повреда на очната јаболчница.
„Ризикувал опасно и можел да добие излив на крв во мозокот. Јас не би дозволил да продолжи да игра“, изјави докторот, Крис ван Кромбурге.
Белгија ја победи Србија со 2-1, се наоѓа многу блиску до пласман на СП во Бразил, а Компани за среќа избегна трагични последици и си заработи статус на спортски херој на нацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.