ММФ пред три дена објави извештај во кој се наведени „видливи неуспеси“ во доделувањето помош за Грција од 240 милијарди евра, за што одговорноста се префрла на ЕУ, пишува Блиц.
Говорејќи на собир во Финска, Рен потсетил дека во сличните кризи претходно практиката била проблемите да се решаваат заеднички.
„Тоа беше фер и вистинско партнерство и јас не мислам дека е фер што ММФ се обидува да си ги измие рацете префрлајќи ја нечистата вода кај ЕУ“, вели Рен.
ММФ, Европската централна банка и Европската комисија се т.н. тројка меѓународни кредитори што би требало да ги координираат своите активности и заеднички да предлагаат мерки.
Меѓутоа, ММФ во својот нов извештај наведува дека европската политика кон Грција била неконзистентна и дека механизмот на помош требало да се покрене многу порано.
Грчкиот завод за статистика соопшти дека во првиот квартал од оваа година е забележано опаѓање на производството од 5,6 проценти, што е незначително полошо од минатомесечните прогнози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.