| четврток, 6 декември 2018 |

Горјан Тозија на местото на Мими Ѓоргоска-Илиевска во Агенцијата за филм

Се најавува промена во најзначајната институција за домашната кинематографија, Агенцијата за филм, за која ќе се одлучува на следната владина седница, пишува „Макфакс“.На фотелјата на досегашната директорка Мими Ѓоргоска-Илевска ќе седне Горјан Тозија.

Како директор на Агенцијата таа дојде во 2015 година од местото директорка на Кинотеката на Македонија, а Тозија, пак како продуцент или копродуцент е потпишан зад 60 филмски остварувања, меѓу кои работа со светски продукции од Холивуд, Би-би-си. Член е на Европскиот продуцентски клуб, бил дел од многубројни жирија на реномирани фестивали. Бил иницијатор и учествувал во креирање на повеќе стратегии и закони за филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top