| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје се полни, внатрешноста изумира

kameni-most-i-goce-delcev---licovski

Една третина од анкетираните домаќинства во Берово одговориле дека можат да си дозволат топол оброк со месо два пати неделно, додека секое петто домаќинство ниту еднаш неделно не јаде топол оброк со месо, покажува истражувањето на Македонската платформа за борба против сиромаштијата, пишува Радио Слободна Европа.

Еден од најсликовитите примери за празнењето на помалите градови се  полупразните училници кои до неодамна беа својствени само за селата.  Ако на пример во Кратово до пред 10 години имало во 5 паралелки со по 30 осмооделенци, денеска има едвај две со по 20 ученици, затоа што сè почести се барањата на родители за префрлање на учениците во училиштата во Скопје или други поголеми градови, велат наставниците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top