| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Собранието да одлучи дали ќе се потпише договорот со Бугарија

Договорот, според Димовски, ќе отвори стари историски рани, да нанесе болка кај многу семејства чии претци биле жртви и се бореле за автономија, за самобитност и за самостојност на Македонија и за културна и историска засебност на македонскиот народ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија. Собранието, како што истакна на прес-конференција Илија Димовски, треба да го разгледа договорот и да донесе заклучоци дали треба или не да се потпише.
Договорот, според ВМРО-ДПМНЕ, е штетен за Република Македонија.
– Парламентот мора јавно и транспарентно да го добие договорот. Владата може краткорочно да го крие затоа што договорот не е добар за Република Македонија. Порано или подоцна мора да го објави – рече Илија Димовски на прес-конференцијата во Собранието.
Договорот, според Димовски, ќе отвори стари историски рани, да нанесе болка кај многу семејства чии претци биле жртви и се бореле за автономија, за самобитност и за самостојност на Македонија и за културна и историска засебност на македонскиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top