| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје кандидат за „Европска престолнина на културата“

Со изложби на фотографии и инсталации, како и со проекција на документарен филм, вечер во Младинскиот културен центар почнува проектот „Европска престолнина на културата“.

Целта на проектот, кој ќе трае до 4 август, е да го стимулира и поддржи културниот развој на градот Скопје и да ги поврзе претставниците на сите институции на културата заедно да се подготват за изработување темелна, оригинална и конкурентна програма до претстојните термини за аплицирање за титулата „Европска престолнина на културата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top